Гасиев потпиша за Мечрум, наскоро ќе дебитира во тешка категорија

Мурат Гасиев (26-1-1 НЦ, 19 КО) потпиша договор со Мечрум бокс и се крева во тешка категорија.

25-годишниот Русин е поранешен шампион на ИБФ и ВБА во лесно-тешка категорија. ИНФ титулата која ја освои со победа против Денис Лебедев, а потоа со нокаут против Јуниер Дортикос во полуфиналето ВБСС/WBSS турнирот во февруари во 2018 година дојде и до појасот на ВБА. Остана без нив во јули истата година кога во финалето против Александар Усик го претрпе единствениот пораз во кариерата.

Се очекува дека „Железниот“ дебито во тешка категорија да го направи во јуни.

„Многу сум среќен што може да објавам почеток на соработка меѓу моите промотори Урал и Вориорс со Мечрумбокс САД и ДАЗН. Сигурен сум дека оваа соработка ќе донесе големи резултати. Сакам да ги усреќам своите фанови низ целиот свет и да се реализираат својот целосен потенцијал во возбудливата тешка категорија“, објави Гасиев.

„Мило ми е што можам да му посакам добредојде во тимот на Мурат. Имајќи во предвид дека ги обедини титулите во леснотешка категориј, чувствувам дека Мурат е многу возбудливо додаток во тешка категорија на која се придружува во фантастичен момент. Веќе имаме многу борба подготвени за него и не можам да чекам наскоро да го видам во тешка категорија“, рече Еди Херн од Мечрум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО