Двометрски ММА борец од Бразил загуби во дебито (ВИДЕО)

Прилично интересна борба забележаа навивачите. Неодамна, 22-годишниот Савио Винициус, висок 2 метри, го имаше своето деби во ММА и се сретна со 43-годишниот ветеран Целсо Мао де Педра на Фавела Комбат 31.

Мао де Педра успеа да ги исконтролира работите и покрај сериозната разлика во големината меѓу двајцата борци. Битката беше деби за Винициус во ММА кој импресионираше само со својата висина. Нивната средба беше во перо категорија, а при крајот на третата рунда како победник заврши ветеранот Целсо Мао де Педра. Еве видео од настанот, а нивната борба започнува по час и 30 минути од почетокот.

https://www.facebook.com/webesportetv/videos/1337687969702302/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО