Гаете со еден удар го нокаутира Вик на УФЦ во Линколн (ВИДЕО)

УФЦ Фајт најт 135 се одржа во Линколн, Небраска.

Во главната борба на вечерта поранешниот шампион на ВСОФ/WSOF во лесна категорија, Џастин Гаете (19-2, 2-2 УФЦ) со еден удар со десната рака во првата рунда го нокаутира Џејмс Вик (13-2, 9-2 УФЦ) и го прекина неговата серија од четири последователни победи.

https://youtu.be/42AJySorZE4

https://youtu.be/dVV4IIZX9S8

Мајкл Џонсон (18-13, 10-9 УФЦ) ја прекината низата од три порази победувајќи го со поделена одлука на судиите Андреа Филио (18-6, 6-5 УФЦ). Двајца судии мечотго бодуваа 29-28 за Џонсона, додека третиот борбата му ја даде Филио 30-27.

https://youtu.be/QdqJXpCyy9s

33-годишниот Џејк Еленбергер (31-15, 10-11 УФЦ) одлучи да се пензионира по четвртиот последователен пораз, доживеа нокаут во првата рунда од Брајан Барбарена (14-5, 5-3 УФЦ).

https://youtu.be/JEHmC6fRtYo

Бонус од 50.000 долари за изведба на вечерта добија Џастин Гаете и Срик Андерс (11-1, 3-1 УФЦ) кој со совршено одмерен висок удар го нокаутира Тим Вилијамс.

https://youtu.be/qhcP5LnCWDM

Кори Сандхаген (9-1, 2-0 УФЦ) и Лури Алкантара (36-10, 10-7 УФЦ) учествуваа во борбата на вечерта. Сандхаген го заврши Бразилецот во втората рунда.

https://youtu.be/5-Y74vDhaxE

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON