По пети пат утре ќе се одржи Меѓународниот карате турнир „Фунакоши опен 2015“ во Скопје (сала на ОУ „Круме Кепески“-Кисела Вода). Се очекува да има околу 500 учесници од Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија и Косово од помлади кадети (родени 2008 година) до сениори.
Хрватите доаѓаат со кадетско-јуниорската репрезентација. Од нашите клубови ќе земат учество Металург, Макпетрол, Кекикс, Штип, Македонка, Фати, Урбан инвест, Партизан Кочани и други, односно сите каратисити што не се во сениорската репрезентација која се подготвува за Европското првенство ќе бида присутни на „Фунакоши опен“.