Френсис Нгану веќе тренира под водство на легендата Мајк Тајсон.
Во средината на јули стана познато дека поранешната ѕвезда на УФЦ ќе дебитира во боксот. Предаторот ќе се бори со живата легенда Тајсон Фјури. Тие ќе имаат боксерски меч на 28 октомври во Ријад, Саудиска Арабија.
Мечот ќе се одржи во регуларен боксерски ринг според правилата на боксот, вклучувајќи тројца судии на рингот користејќи го системот од 10 поени. Борбата ќе биде професионална и ќе влезе во статистиката на двајцата борци.
Во последните денови Френсис постојано зборуваше дека сака да тренира со Мајк Тајсон. Очигледно „Железниот“ го испочитувал барањето на Нгану и веќе влегол во неговиот камп за да го подготви за бокс. На својот профил на социјалните мрежи, Нгану покажа фотографии од тренинг со Мајк.
View this post on Instagram