Френсис Нгану: УФЦ ми плаќаше ситно

Френсис Нгану зборуваше за валканите тактики на УФЦ и го сруши митот за добивање понуда од 3 борби годишно.

Дана Вајт секогаш тврди дека на секој борец треба да му понудат 3 борби годишно. Френсис неодамна потпиша со ПФЛ и конечно ги доби условите што ги сакаше. Нгану ќе собере огромни суми на пари, но тоа не е се.

Тој ќе седне во одборот на директори за да ги заштити правата на борците. Противниците на Нгану ќе заработат по 2 милиони долари. Френсис откри некои тактики на УФЦ кои во основа служат за финансиски изгладнување на спортистите за да можат да ги принудат да потпишат нов договор.

„Имав договор за осум меча и сакав да го исполнам тој договор, но не ми дозволија бидејќи немаше да потпишам друг договор.

Тие знаеја дека ако го исполнам овој договор, тогаш сум слободен. Употребија некоја валкана игра и ме замрзнаа. Знаеја какви пари добивам за борба.

Воопшто не беше многу, некој денар. Знаеја дека не можам да заработам за живот од тоа, па морав да се вратам и да го прифатам овој нов договор.

Тоа беше по борбата со Жуниор дош Сантос во јуни 2019 година. Ме притискаа многу. Јас сум само јас и тие се тие. УФЦ е масовен“, рече Нгану.

Френсис има заработено само 120.000 долари за влез и уште 120.000 долари доколку победи. Толку му беше платата во борбата со Дош Сантос. За неговата последна борба во УФЦ против Сирил Гане Нгану зеде скромни 600.000 долари.

Ѕвездата од Камерун планира да дебитира во бокс оваа година. Во ПФЛ Нгану планира да се бори во 2024 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON