Френсис Нгану сретна чудовиште во УФЦ институтот

Френсис Нгану се подготвува за претстојната борба со Жуниор дош Сантос на 29 јуни во Минесота. „Предаторот“ често го посетува УФЦ институтот, а денес наиде на чудовиште кое го извадило од памет.

Нгану сподели фотографија од неговата средба со легендата Шакил О’Нил и изјави дека бил првиот што се почувствувал мал во друштво на друга личност. Нгану е висок 1,95 сантиметри и тежи 115 килограми, а Шак е висок 2,16 сантиметри и тежи речиси 150 килограми.

„Отидов во УФЦ институтот и наидов на чудовиште и едвај не избегав. Потоа сфатив дека тоа е Шакил О’Нил. Мислам дека ова е прв пат некој да ме натера да се чувствувам мал“.

https://www.instagram.com/p/ByqWn7JHsW9/?utm_source=ig_embed

Ако мислите дека Шакил О’Нил е импресивен, погледнете ја неговата фотографија со Јао Минг, кој е висок 229 cm и тежи над 140 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON