Кандидатот за предизвикувач за титулата во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану, си најде нова работа.
33-годишниот Камерунец учествуваше во реклама на Митсубиши и ја презеде улогата на менаџер на оддел.
„Предаторот“ е во серија од 4 последователни победи со нокаут победи во првата рунда и ќе се бори за титулата, која е заложена за следниот месец. Стипе Миочиќ ќе ја брани против Даниел Кормиер, а победникот ќе се бори против Нгану.
Френсис има 15 победи и 3 порази во кариерата и сите негови победи се со завршница. Опасниот Камерунец не бил завршуван во ММА и веќе прокоцка една шанса за титулата пред две години во борба со Миочиќ. Нгану стана голема ѕвезда благодарение на неговите тешки нокаути и ова му обезбеди место во актерската екипа на „Брзи и бесни 9“.