Френсис Нгану се сретна со Арнолд Шварценегер

Познатиот актер и бодибилдер Арнолд Шварценегер на социјалните мрежи сподели фотографии со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану (17-3). Двајцата се дружат во теретана со НФЛ ѕвездата Мекеј Бектон.

„Сега разбирам како се чувствува Дени“, напиша Шварценегер на Твитер, мислејќи на актерот Дени Де Вито, со кого Шварценегер глумеше во филмот „Близнаци“.

Нгану не можеше да се договори со УФЦ и стана слободен агент. Замина со статусот шампион на организацијата. Френсис моментално се подготвува за своето боксерско деби. Сака да заработи 30 милиони долари во првата борба во рингот.

Сепак, ова ќе биде доста тешка мисија. Предаторот ги таргетира Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, кои веќе пројавија интерес да го боксираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON