КФМ го избра Зоран Ѓоргевски за генерален секретар, ја поништи одлуката за неговиот избор, па распиша нов оглас

Карате федерацијата на Македонија на седницата (16 март) на Извршниот одбор ја поништи Одлуката за избор на генерален секретар на КФМ или по ново КФРСМ донесена на седницата на на 12 декември 2022 година, со која дипломираниот правник Зоран Ѓоргевски се избра за оваа функција.

КФМ оваа одлука ја носи врз основа на член 37 став 1 алинеја 21од Статутот на Карате федерацијата, а во врска со одредбите од Законот за спорт, според кои позицијата генерален секретар на Федерацијата е поврзана со работен однос кој се заснова со објавување на јавен оглас, а не функцијата да се врши без надомест и со незасснован работен однос.

На истата седница е донесена одлука за распишување на јавен оглас за избор на генерален секретар на КФМ според условите пропишани во одредбите од член 14 став 8,9 и 10 од Законот за спорт и условите пропишани со член 2 Правилникот за организација и систематизација  на стручната служба на КФМ донесен на 12 септември 2015 година, доколку Агенцијата за млади и спорт обезбеди финансиски средства за вработување на генерален секретар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО