Френсис Нгану призна дека за малку ќе заспал пред мечот против Ентони Џошуа

Поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану, дебитираше во бокс против Тајсон Фјури минатата година. Камерунецот импресионираше со својот настап, но на крајот загуби со поделена судиска одлука.

Нгану се врати во рингот минатиот петок во мечот против Ентони Џошуа. Поранешниот двократен светски шампион во втората рунда брутално го нокаутира камерунскиот удирач, а и пред тоа два пати го собори.

„Сите знаевме дека може да се случи и знаев дека е можно. Секогаш бев подготвен за тоа. За време на загревањето пред мечот за малку ќе заспиев. Беше заморно. Се потам, а во исто време сакам да спијам“, призна Френсис Нгану за време на разговор во живо на Инстаграм и додаде:

„Претпоставувам дека и оние кои се бореле пред мене се чувствувале исто. Сега одвоив неколку дена за себе и сакам да анализирам се што се случи тој ден и во таа борба. Секоја чест за Џошуа и неговиот тим, одлично го извршија својот план“.

Нгану сега има обврски во ПФЛ, а првата борба во промоцијата треба да ја има во текот на годината против Ренан Фереира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON