Френсис Нгану покажа фотографија од покојниот син

Френсис Нгану покажа фотографија од покојниот син кој почина на 18-месечна возраст.

Веста дојде од Камерун пред неколку дена и ја потресе ММА заедницата. Малкумина знаеја дека „Предаторот“ очигледно е оженет и има дете. Причината за смртта на малиот Коби се уште не е позната. Вчера во Камерун беше погребано 18-месечното момче. На својот профил на социјалните мрежи Френсис за прв пат го покажа сега веќе починатиот син.

Поранешната ѕвезда на УФЦ сподели дека за време на погребот се појавило виножито.

„Вчера на погребот на Коби се појави виножито. Тој беше сведок на сета љубов што ја имате кон него. Дојде како крал и си замина како крал”, напиша Нгану на социјалните мрежи.

Нгану најверојатно ќе направи долга пауза од спортот по оваа огромна трагедија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON