Френсис Нгану: Наскоро ММА ќе се легализира во Франција

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија Френсис Нгану нема стрпление да се бори во Франција. Во моментов има забрана за ММА настани на територијата на Франција, но ѕвездата на УФЦ верува дека наскоро забраната ќе биде укината и тој сака таму да се бори.

Нгану е родум од Камерун, но пред неколку години помина во Франција, каде што првично живееше по улиците. Таму е пронајден од Дидие Кармонт кој му овозможува да тренира без пари и да живее во неговата соба. Остатокот е историја и Нгану е оптимист во врска со иднината на MMA во Франција.

„Наскоро ќе го легализираат ММА спортот во Франција. Не можам да дочекам да се борам во овој прекрасен град и пред овие големи фанови“.

https://www.instagram.com/p/BxQv2EphgT1/?utm_source=ig_embed

Френсис се враќа во кафезот и ќе се бори против Жуниор дош Сантос на УФЦ 239. Во моментов Нгану е во серија од две последователни победи со нокаут и доаѓа по победата над Каин Веласкез. По евентуалната победа над ЖДС, Френсис ќе добие нова шанса за титулата.

https://www.instagram.com/p/Bw7OyeJBlrg/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО