Френсис Нгану: Не верувам дека Жуниор дош Сантос има црн појас

Страотниот Френсис Нгану се враќа за една недела и ќе се соочи со Жуниор дош Сантос во главната борба на УФЦ на ЕСПН 3 во Минесота. И двајцата се во серија на победи, а ова е борбаа која ќе го даде неспорниот предизвикувач за титулата во тешка категорија. Пред средбата многумина веруваат дека Нгану ќе биде доминантен со неговите тешки удари, а Жуниор ќе избегне да влезе во директен контакт.

Постојат и други навивачи кои веруваат дека Дош Сантос ќе ја префрли борбата на паретр и ќе бара сабмишн, бидејќи има црн појас во џиу џицу и е доминатен против „Предаторот“. Сепак, ова не го исплаши Френсис, затоа што смета дека е помлад и дека нема црн појас.

„Прво сакам да ви кажам дека не верувам оти помладиот Дош Сантос има црн појас. Не верувам дека има црн појас во џиу џицу. Не знам од каде е, но не верувам дека нема црн појас. Тоа не е мој проблем. Никогаш не знаеш борец со што може да те изненади.

Секогаш мислам дека тој може да се обиде да се бори со мене и да ме удри. Но, тоа не е неговата удобна зона. Не знам што ќе се случи. Може да се обиде да направи сé. Што е најважно, јас сум подготвен за секој мал детаљ“.

Жуниор дош Сантос има црн појас од 2012 година, кој му го даде Јури Карлтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON