Френсис Нгану му порача на Дионтеј Вајлдер дека го интересира само боксот

Камерунскиот борец Френсис Нгану го напушти УФЦ и моментално е слободен борец.

Поранешниот шампион на најголемата светска MMA организација веќе некое време кажува дека сака да се проба во боксот, а прв на листата на желби му е Тајсон Фјури.

Но, Кралот на Ромите моментално е преокупиран со преговори со Александар Усик за меч за апсолутниот боксерски шампион во тешка категорија.

Неодамна интерес за борба со Предаторот покажа и Дионтеј Вајлдер, кој му понуди два меча – во бокс и во ММА.

„Размислував и не би било проблем да договорам два натпревари. Прво би боксирале, а потоа би можеле да организираат броба во неговиот спорт. Прво ќе дојде кај мене, а потоа јас кај него. Јас сум вистински воин“, изјави неодамна Дионтеј Вајлдер.

Мајкл Бенсон ја пренесе веста на Твитер дека и Вајлдер сега е слободен, па се јави Нгану.

„Добредојдовте во слободниот свет. Се надевам дека си човек од збор. Се гледаме наскоро“, рече Френсис Нгану и додаде:

„Реков дека ме интересира само боксот, само така можеш да си ги задржиш екстремитетите. Ќе видиме дали е човек од збор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО