Френсис Нгану: Ќе му го нанесам првиот пораз на Џонс

Френсис Нгану не верува дека Џон Џонс навистина сака да се бори против него и смета дека нема да има борба меѓу нив. Во последните неколку дена, Џонс и Нгану разменуваат предизвици на социјалните медиуми и ги инспирираа фановите за можната битка меѓу нив. И двајцата веруваат во својата победа и нивната вребална комуникација го привлече вниманието на букмејкерите.

Тие ги објавија коефициентите за евентуалната нивна средба во тешка категорија и го означија Нгану како фаворит на мечот. „Предаторот“ е во серија од 4 последователни победи со нокаут во 1.рунда, а на почетокот од овој месец за 20 секунди ја прекина низата на Жаирзињо Розенструик.

Овие победи му даваат самодоверба и верува дека може да го нокаутира Џонс ако дојде до борба.

„Не мислам дека битката со Џон Џонс ќе се случи. Луѓето со години зборуваат за тоа  дека Џонс сака да премине во тешка категорија. Ако дојде кај нас, тогаш јас би се рдаувал таа борба. Но, треба да ми дадат вреќи со пари за оваа битка, затоа што тоа е суперборба. Треба да вреди.

Нема да одам во битка со него за да изгубам. Ќе му го зададам првиот пораз на Џон Џонс во ММА. Џонс има добар брада, но ќе ја тестирам колку е добра. Можам да го удрам и да го нокаутирам. Го удриале и порано“, рече Нгану.

https://www.instagram.com/p/CAYRrtHHs9B/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО