Шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану зборуваше за неговиот конфликт со организацијата. Тој одбива да потпише нов договор доколку не му се гарантира правото да боксира надвор од УФЦ.
„Целата ситуација на УФЦ започна многу одамна и многу порано отколку што сите мислат. Јас само молчев и тие постојано се обидуваа да ја контролираат агендата и да манипулираат со мислењето на луѓето за овој конфликт. Потоа, по борбата со Стипе Миочиќ во 2018 година ме натераа да изгледам како лошо момче кое одбива да се бори. Ме направија во очите на народот она што не сум. Само го сакав најдоброто за себе и треба да ме разберете. Мислам дека секој сака да го постигне најдоброто за себе“, изјави Нгану за ММА Њуз.
Последната борба ја водеше во јануари годинава и со едногласна одлука го победи Сирил Гане.
View this post on Instagram