Дали Џон Џонс ќе се бори со Стипе Миочиќ за привремениот појас на УФЦ во тешка категорија или ќе чека Френсис Нгану да се опорави од повредата на коленото и да се бори со шампионот се прашањата на кои фановите на ММА чекаат да одговорат со недели.
Некое време се шпекулираше дека Џонс ќе се бори со Миочиќ, а во последно време поранешниот шампион во полутешка категорија го прозива Камерунецот.
Тоа беше случај неодамна откако Израел Адесања го победи Џаред Канониер на настанот УФЦ 276.
Шампионот во тешка категорија му честиташе на Изи за петтата одбрана на титулата, а потоа дојде пораката на Боунс:
„Погледнете како Френсис ја брани Елса, колку е слатко. Би можел да паузирам уште две години, а заедно никогаш нема да бидете подобри од мене“.
Френсис Нгану одговори на пораката на Џонс.
„Дефинитивно си голем шампион, но така треба и да се однесувашв. Во ред е да се почитуваат успесите на другите, тоа не е проблем. Приземји се, ќе добиеш шанса“, напиша шампионот во тешка категорија“.