Поранешната ѕвезда на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану, на социјалните мрежи навести дека ќе го објави својот следен потег.
Во последно време сите му се смеат на Нгану, кој не може да најде нова организација. БКФЦ, Белатор и ОНЕ го одбија Камерунецот, кој сакаше премногу нереални услови. ОНЕ му даваше 20 милиони долари, но „Предаторот“ сакаше место во одборот на директори.
И додека мемињата и исмејувањето на Френсис продолжуваат да се слеваат, тој ќе објави некои големи вести на 16-ти мај. Борецот објави видео со датум „16.05.2023“. Се шпекулира дека Нгану потпишува договор со американската организација ПФЛ.
Да потсетиме дека Нгану не се натпреварувал од јануари 2022 година, кога го победи својот поранешен соборец Сирил Гане со едногласна одлука на УФЦ 270. Во јануари 2023 година Френсис го напушти УФЦ ослободувајќи ја титулата во тешка категорија.
Беше објавено дека причина за ваквата одлука биле конкретно финансиските несогласувања со најсилната ММА промоција во светот. Вкупно, Френсис одржа 20 борби во ММА во кои доби 17 победи (12 со нокаут) и претрпе 3 порази.
View this post on Instagram