Чарлс Оливеира има јасна визија за својата иднина и во неа не е вклучен Илија Топурија како негов следен противник.
По неговата победа над Мајкл Чендлер на УФЦ 309, До Бронкс’ продолжува да биде еден од главните кандидати за титулата во лесна категорија. Бразилецот јасно стави до знаење дека неговиот главен фокус е реваншот против шампионот Ислам Махачев, кој го победи со завршница на УФЦ 280.
Во меѓувреме, Топурија, актуелниот шампион во перо категорија, изрази желба да се соочи со Оливеира како начин да обезбеди меч за титулата во 155 фунти. Сепак, Оливеира не е заинтересиран за оваа можност.
„Многу луѓе зборуваат различни работи, но јас ја сакам титулата, а денешниот шампион е Ислам Махачев. Топурија е многу тврд борец и заслужува почит, но мојот фокус е на шампионскиот појас“.