Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану – Предатор го започна тренинг кампот како подготовка за планираното враќање во боксерскиот ринг. На почетокот на оваа година Нгану претрпе огромна загуба со смртта на синот Коби, кој имаше само 15 месеци. Неговата смрт предизвика шок кај фановите.
Се уште не е познато кога точно Нгану ќе се врати во рингот и со кого ќе се бори. Неговиот последен боксерски меч беше против Ентони Џошуа, кој го загуби. Претходно противник му беше Тајсон Фјури, кој за влакно се спаси од пораз. Воведувањето на Нгану во боксерскиот ринг ги изненади обожавателите и експертите кои беа импресионирани од неговите боксерски вештини.
Останува прашањето дали Нгану е психички подготвен да се врати во рингот по овој трагичен настан. Неговиот тренинг камп може да се смета како позитивен знак, но дали е емотивно подготвен повторно да се бори, се уште е неизвесно.
Фановите со нетрпение ги очекуваат вестите за неговата следна борба и се надеваат дека Френсис ќе најде сила да се врати на највисоко ниво.
View this post on Instagram