Френсис Нгану е фаворит во борба со Сирил Гане

Букмејкерите се активираа и ги објавија своите коефициенти за можната борба меѓу Френсис Нгану и Сирил Гане. Минатиот викенд во Лас Вегас видовме како Гане се спарви со Александар Волков. Со оваа победа, Сирил веќе има скор 9-0 во ММА и има 6 победи во УФЦ.

Тој за медиумите изјави дека е подготвен да се бори за титулата со Френсис Нгану. Тие се поранешни соборци и нивната средба ќе биде доста интересна. За жал на Гане, ситуацијата кај тешкашите е заплеткана.

УФЦ планира реванш меѓу Нагану и Дерик Луис, а во редот чекаат Стипе Миочиќ и Џон Џонс. Сепак, Гаен е подготвен да почека цела година за да добие шанса. Ако веруваме во шансите, тогаш Нгану треба да го победи Гане.

Ова се шансите на двајцата, според обложувалниците:

Коефициенти за победа на Френсис Нгану – 1. 53 / -190 /

Коефициенти за победа на Сирил Гане – 2,65 / +165 /

Набргу по ова беше познато дека Сирил Гане ќе се бори против Дерик Луис за привремената титула на УФЦ 265 на 7 август во Тексас.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО