Џо Шилинг нокаутира човек кој се правел поголем фраер од него во бар (ВИДЕО)

Искусниот ветеран Џо Шилинг учествуваше во тепачка во еден бар. 37-годишниот Американец се расправал со човек кој очигледно не го препознал, па се правел фраер. Сепак, ова беше погрешна одлука, бидејќи бесниот Шилинг со еден брз удар во брадата и го онествести противникот кој се струполи како покосен.

Не е јасно што точно се случило меѓу двајцата, но Шилинг на социјалните мрежи тврди дека го нокаутирал човекот во самоодбрана. Џо вели дека тој не е личност што ќе оди да ја смирува ситуацијата и од видеото можеме да видиме дека навистина е така.

Шилинг е ММА борец и кик боксер кој се натпреварува за Белатор. Тој држи рекордни 23-9 во кик бокс и 4-6 во ММА. Ова е видео од тепачка во барот, која не е баш тепачка, туку тежок нокаут од Шилинг:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО