Френки Едгар тешко до победата над Педро Муњоз

Поранешниот шампион во лесна категорија Френки Едгар имаше успешно деби на петел категроија. „Одговорот“ се соочи со Педро Муњоз во главната борба на УФЦ на ЕСПН 15 што се одржа во УФЦ институтот во Лас Вегас.

На почетокот на битката Педро му зададе силен ножен удар на Едгар, при што му ја наруши рамнотежата. Френки ја врати предноста и постигна здрави удари. Френки го газеше Муњоз, кој не му остана должен во првата рунда. Во втората, тешката размена продолжи и Френки успеа да ја отвори аркадата над окото.

Во оваа рунда, Едгар почна да ја пронаоѓа целта со солидни удари и имаше соборување. На почетокот на третата рунда, Френки постигна моќен лев удар во главата на противникот. Педро одговори со ножни и рачни удари и колено во телото. Френки забави поради ножните удари, но продолжи да биде опасен со нападите. На крајот од рундата Педро го казни со удари. Во четвртата рунда Едгар почна да се потпира на комбинации, а Муњоз на удари, ножни и рачни. Во оваа рунда Педро зададе тежок удар со десницата кој го затресе противникот.

Сите рунди беа прилично рамноправни и двајцата ја отворија петата рунда со размена на удари, за да ги импресионираат судиите. Френки успеа да постигне добри удари со десницата и ги избегнуваше нападите на противникот. Френки имаше силен удар со десницата, кој го здрма Педро, но ја продолжи борбата. Така, нивната средба дојде до одлука на судиите, која беше поделена во корист на Френки Едгар – (48-47, 46-49, 48-47). Со оваа победа, Едгар ја прекина серијата од два последователни порази. Додека Педро влезе во серија од два последователни порази.

Средбата меѓу Овинс Сент Про пропадна, бидејќи беше позитивен на тестот за коронавирус.

УФЦ на 15 ЕСПН – Резултати
Френки Едгар Педро Муњоз – поделена одлука на судиите
Мајк Родригез – Марцин Прачнио – КО (Р1 2:17)
Џо Солецки – Остин Хабард – ЗАВР (Р1 3:51)
Шана Добсон – Марија Агапова – ТКО (Р2 1:38)
Даниел Родригез – Двајт Грант – КО (Р1 2:24)

Аманда Лемос – Мизуки Инуе – едногласна одлука на судиите
Џордан Рајт – Ике Вилануева – ТКО (Р1 1:31)
Метју Семлсбергер – Карлтон Минус – едногласна одлука на судиите
Тревин Џонс – Тимур Валиев – ТКО (Р2 1:59)

https://www.instagram.com/p/CEN1T-XHaQt/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CEN2vXrnnLe/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО