Френки Едгар бара уште една борба и потоа оди во пензија

Поранешниот шампион во лесна категорија, 40-годишниот Френки Едгар побара од најголемата светска ММА промоција да му ја договори последната борба во кариерата, по што ќе се пензионира.

Ветеранот во слободните борби сака да се бори на настанот УФЦ 281, кој ќе се одржи на 12 ноември во Медисон сквер гарден.

Во текот на кариерата американскиот борец забележа 24 победи, а има десет порази и едно реми.

На последните седум меча има пет порази, а во последните два лани загуби со нокаут од Кори Сандаген и Марлон Вера.

Менаџерот на Едгар, Али Абделазиз потврди дека Френки сака да ја има последната борба во Медисон сквер гарден и дека е подготвен да се бори со секого.

Тој сака да го одржи својот последен меч во бантам категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON