Френк Ворен за 23 декември најави „историска ноќ за боксот“

Боксрескиот промотер Френк Ворен изјави дека во Саудиска Арабија се подготвува голем настан кој ќе се одржи два дена пред Божиќ.

Изгледа дека шефот на „Квинсбери промоушнс“ направил голема работа со Саудијците, а доказ за тоа е неодамнешниот боксерски спектакл во Ријад, кој беше предводен од борбата меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија дебитираше во боксерскиот ринг и воодушеви со настапот, со што на Џипси Кинг му го приреди еден од најтешките натпревари во последните години.

Фјури го победи Нгану со поделена одлука по десет рунди. Посебно ќе се памети третата рунда во која Камерунецот го собори шампионот на ВБЦ.

На десетина дена пред настанот во Ријад беше објавена веста дека Тајсон Фјури и Александар Усик ќе се борат за обединување на шампионските појаси во тешка категорија, а како датум беше споменат 23 декември.

Но, по натпреварот, кој беше доста тежок за Фјури, борбата за апсолутен шампион беше одложена за следната година. Најверојатно ќе се одржи во Ријад во февруари.

И сопственикот на Квинсбери изјави дека најавениот настан сепак ќе се одржи на 23 декември, а наскоро ќе објави кои боксери би можеле да учествуваат на новиот настан во Саудиска Арабија.

„Ќе биде голема ноќ во декември, наскоро ќе ги соопштиме деталите. Очекуваме масовен настан и сигурно ќе ви се допадне. Засега не можам да дадам информации, но се оди во добра насока за тоа да биде историска ноќ за боксот“, изјави Френк Ворен и додаде:

„На настанот ќе настапат боксери од целиот свет. Подгответе се за изненадување“.

Иако се уште не се знае кој би можел да се избори со сето тоа, се шпекулира дека повторно би можеле да го видиме настапот на Мартин Баколе и Џозеф Паркер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО