Британскиот боксерски промотор, Френк Ворен, гарантира дека реваншот меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко ќе се одржи. Средбата беше доведена во прашање откако Украинецот се закани дека ќе поднесе тужба.
„Сите проблеми се на пат да бидат решени. Во најскоро време ќе можеме да го потврдиме датумот 29 октомври. Тајсон Фјури изгледа е во одлична форма и се подготвува со полна пареа“, вели Ворен.
Првиот меч минатата година му припадна на Фјури, победувајќи го Кличко на поени. Реваншот веќе еднаш беше одложен повреда на глуждот на Британецот.