Френк Санчез и Агит Кабајел би требало да се борат во меч за предизвикувач во тешка категорија на ВБЦ

Минатата година многу се зборуваше за потенцијалниот меч меѓу Енди Руиз и Дионтеј Вајлдер, во кој победникот ќе стане задолжителен предизвикувач на ВБЦ, но таа борба не беше договорена.

По неколку неизвесни месеци ВБЦ му дозволи на Тајсон Фјури да се бори со Френсис Нгану, но не и за шампионскиот појас.

Веднаш по таа борба Џипси Кинг договори борба за апсолутен светски шампион против Александар Усик на 17 февруари во Саудиска Арабија.

Секако, еден од главните услови на нивниот договор е клаузулата за реванш, а голема е веројатноста поразениот да побара реванш.

Но, тој втор меч повеќе нема да биде за сите четири појаси, бидејќи ИБФ објави дека на победникот ќе му биде одземена титулата.

И ВБЦ сака да добие задолжителен предизвикувач и им нареди на Франко Санчез (24-0, 17 КО) и Агит Кабајел (24-0) да започнат преговори за меѓусебна пресметка.

Интересно е што Ентони Џошуа, кој е веднаш зад Фјури на ВБЦ ранг-листата, не доби шанса да боксира за статусот следен предизвикувач во тешка категорија.

Британецот во март ќе се бори со Френсис Нгану, а доколку го добие камерунскиот нокаутер би можел да побара елиминациски меч од ВБЦ за местото на следниот предизвикувач или борба за шампионскиот појас на ИБФ против Хрговиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО