Даниел Кормиер беше видливо скршен по вториот пораз од Џон Џонс. И самиот знаеше што значи тоа.
И тоа го изговори Френк Мир, поранешен двократен УФЦ шампион во тешка категорија и поранешен противник Даниел Кормиер.
„Луѓето мора да сфатат зошто ДК толку го болеше исходот. Овој пораз значи дека никогаш не бил шампион и дека држеше титулата само поради отсуството на Џонс“.
„Џон Џонс сега без сомнение е најдобриот паунд фор паунд борец. Кој друг уште има на второто место во својата категорија некој така добар борец како Кормиер и така да го растури“?, напиша Мир на Фејсбук.
Кормиер титулата, која му беше одземена на Џонс, ја освои против Ентони Џонсон. Ја бранеше двапати – против Александар Густафсон и во реваншот со Рамбле.
Френк Мир го победи со одлука на судиите во 2013 година додека се уште се бореше во тешка категорија.