Френк Бруно избра – Фјури е фаворит на мечот со Џошуа

Откако самиот Мајк Тајсон во повеќе наврати го именуваше Тајсон Фјури за фаворит во пресметката со Ентони Џошуа, истото го направи и друга легенда од 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Еден од најомилените и најуспешни британски боксери во тешка категорија, И Френк Бруно рече дека „Кралот на Ромите“ е фаворит против Џошуа.

Иако 32-годишниот Фјури не се борел од февруари 2020 година, за многумина тој останува најопасниот боксер во денешната тешка категорија додека не се докаже спротивното.

Во исто време, мечот меѓу светските шампиони сè уште не е подготвен, а единствениот позитивен и охрабрувачки факт во целата историја е што и двајцата започнаа со тренинг кампови.

„За мене Фјури е фаворит на мечот“, изјави поранешниот светски шампион за британските медиуми.

„Тој е многу опасен затоа што не го интересира против кого се бори. Фјури е многу подобар боксер отколку што мислат луѓето. Може да се движи, да изведува изненадувачки удари и да знае како да го измори противникот.

„Џошуа има уште да учи. Потребна му е малку повеќе дисциплина. Сè уште не можам да сфатам како и зошто изгуби од Енди Руиз. Немам ништо против Ентони, но Фјури едноставно е многу потценет, а вистината е дека секој мора да се припазува со него.

„На Џошуа му требаат уште неколку ситници за да биде плашило како Тајсон“, додаде Бруно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON