Пред неколку дена беше обелоденето дека Бадр Хари ќе се бори против поранешниот предизвикувач во тешка категорија Бенјамин Адегбај на настанот на Глори во Ротердам на 20 јуни.
Двајцата ветерани се меѓу врвните борци во организацијата и нивната битка ќе промовира неоспорен предизвикувач за појасот кој е во сопственост на Верховен. Она, што им е заедничко, е тоа што и двајцата губат две средби од Верховен, за разлика од Адегбај, Хари доминираше сè додека не се повреди и тоа го спречи да продолжи.
Глори објавија дека билетите за овој меч веќе се во продажба и објавија промо со тешки нокаути, за да ги инспирираат фановите да купат билети. Бадр Хари има скор од 106-14-2-1 во рингот, а Адегбај 34-6.