Французинката Емили Андеол триумфално дојде до олимписката титула на џудо турнирот во категоријата над 78 килограми.
Двократната европска шампионка Андеол во финалето ја детронизираше златната медалистка од Лондон 2012, Идалис Ортис (Куба) со чиста победа извојувана со”ипон во 3:11 минута од продолжението по нерешниот резултат во регуларното време.
Ортис е двократен светски шампион во најтешката женска категорија, освои медал на третата олимпијада по бронзата во Пекинг 2008.
Светската шампионка Сун Ју од Кина ја освои бронзата во категоријата совладувајќи ја со ипон Минџон Ким (Република Кореја) во 3:07 минута од натпреварот. Втората бронза и ја заслужи Јапонката Канае Јамабе ппобедувајќи ја со вазазри европска шампионка од Казан 2016 Кајра Сајт (Турција).
+ 78 кг – жени
- Емили Андеол (Франција)
- Идалис Ортис (Куба)
- Сун Ју (Кина) и Канае Јамабе (Јапонија)