Меѓународна сценаММА
Дана Вајт: Тајрон Вудли ќе ја брани титулата против Стефен Томсон
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, официјално објави дека актуелниот шампион во полусредна категорија, Тајрон Вудли, за прва пат ќе ја брани титулата против Стефен Томсон.
Обајвувањето на противникот на Вудли e изненадување, имајќи предвид дека тој сакаше да се сретне со кој било од супер-ѕвездите на УФЦ: Жорж Сент Пјер или Ник Дијаз, но очигледно од УФЦ не успеале да ги убедат да се вратат на меч против шампионот во полусредна категорија.




