Франција е најуспешна на Европското карате првенство (ФОТО/ВИДЕО)

Francija

Франција е најсупешната репрезентација на штотуку завршеното Европско карате првенство во Монпелје-Франција. Француските каратисти освоија вкупно 11 медали – 6 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Francija Spanija borba na EP

Вотра е репрезентацијата на Шпанија со 6 медали (4-1-1), додека на третото место е Азербејџан со 3 (2-0-1), па следат Турција 12 (1-5-6), Италија 6 (1-2-3), Германија 4 (1-1-2) итн.

Македонија е во групата на репрезентации со по еден бронзен медал, односно 15-тото.

Во екипна конкуренција во борби Франција беше подобра од Турција и ја освои европската титула, а бронзите и припаднаа на Србија и Португалија. И машкиот ката тим на Франција е прв, Шпанија е втора, а Турција и Хрватска се трети.

Каратиските на Азербејџан ја освоија европската титула во борби, пред Хрватска, Турција и Франција, а во кати најдобар беше женскиот тим на Шпанија, која во финалето беше подобра од Греманија, додека бронзени медали освоија Турција и Франција.

Шампиони на Европа во кати се: Снадра Санчез и Демијан Кинтеро од Шпанија.

Прваци во борби жени се:

Рекија Александра (-50 кг) – Франција

Сара Кардин (- 55 кг) – Италија

Лиси Игнас (-61 кг) – Франција

Елена Квиричи (-68 кг) – Швајцарија

Лаур Флоретнин (+68 кг) – Франција

Мажи

Матијас Гомез (-60 кг) – Шпанија

Стивен Дакоста (-67 кг) – Италија

Рафаел Агаев (-75 кг) – Азребејџан

Угур Акташ (-84 кг) – Турција

Јонатан Хорне (+84 кг) – Германија

Emil na piedestal na ER 2016

Од нашите каратисти само Емил Павлов освои бронзен медал во категоријата до 60 килограми, додека Наташа Стефановска (-61 кг) и Пуликеснија Јованоска во кати се бореа за бронзени медали, но беа поразени.

Комплетни резултати од ЕП во Франција.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON