АктуелноМеѓународна сценаММА
Франсис Нгану планира враќање кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година

Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ и актуелен носител на титулата во ПФЛ, Френсис Нгану, откри дека веќе го планира своето враќање во боречките спортови. Камерунецот рече дека е отворен за нови предизвици и во MMA и во професионалниот бокс.
Во интервју со Ариел Хелвани Нгану нагласи дека останува целосно посветен на својот тренинг: „Тренирам, се подготвувам. Сакам повеќе борби. Не сум во пензија. Сакам да останам активен. Сакам уште една борба оваа година или почетокот на следната година“.
На 19 октомври 2024 година, Нгану се врати во ММА во ПФЛ, соочувајќи се со Ренан Фереира во Ријад. Тој победи со прекин во првата рунда, посветувајќи ја победата на покојниот син Коби, кој почина во април 2024 година.



