Франо Жижиќ: Благодарам Велес, благодарам Македонијо за најдобриот турнир!

Rdae Znaor2015-10-23 21.25.44

Супер-визорот на промоторската организација Најт фајт чемпион лигата (NFCL), Франо Жижиќ, за хрватските медиуми за ММА настанот во Велес рече:

„Успеавме уште еднаш, навидум, многу тешка задача и голема организација, досега најдобар турнир во NFCL серијата на турнири и е одработен лавовски дел од работата. Не радува што пред нас се серија на турнири кои, исто така, се надеваме, ќе бидат многу добри и посетени како овој во Македонија. Му благодариме на нашиот домаќин Раде за вложениот труид и на фанатикот Хрвое Знаор, без кого ова немаше да биде вака како што е. Уште еднаш благодарност до сите борци за одличните мечеви и на домашната публика за исклучителната атмосфера! Благодарам Велес, благодарам Македонијо“.

Rade i drugite na pres2015-10-23 21.33.11

Заклучокот е дека покрај сите технички и останати проблеми кои ја пратеа предорганизацијата на турнирот, тандемот од ЏКК Ураган (Занор-Жижиќ), како носители на целиот проект со домаќинот Раде Стефановски сработиле голема работа и  покажале дека овој проект и серија на турнири веќе сега има голема иднина.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО