На најновата листа на Форбс за најплатени славни личности се најде и Конор Мек Грегор. Иако само еднаш се бореше во 2018 година, тој сепак успеа да влезе во 100-те најплатени славни личности и да се најде на 65-то место.
Според Форбс, Мек Грегор заработил 47 милиони долари, а поголем дел од парите доаѓаат од неговата борба со Хабиб Нурмагомедов. Таа борба му донесе повеќе од 30 милиони долари.
Ирецот дополнително заработи 5 милиони долари од спонзорот Рибок, а оствари профит и од продажбата на неговото виски Пропер број 12/ Proper No.12.
Најплатен спортист е Лионел Меси, со 127 милиони долари.