„Форбс“ го прогласи Хабиб за најуспешениот Русин под 40 години

Неспорниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов е најуспешен Русин до 40 години, според списанието „Форбс“.

„Орелот“ ги остави зад себе пејачката Олга Бузова и ѕвездата на НФЛ Александар Овечкин. Рангирањето е направено врз основа на приходот во минатата година, популарноста на учесниците и нивните следбеници на социјалните мрежи.

Борецот од Дагестан има 20,4 милиони следбеници на Инстаграм и собра вкупно 81.94 поени од аналитичарите на Форбс. Според информациите од списанието, приходот на Хабиб во минатата година е 16,5 милиони долари.

Последната борба на Нурмагомедов беше во септември минатата година во Абу Даби. Таму ја одбрани титулата со победа над Дастин Пориер. Сега непоразениот шампион има за цел да се врати наесен, за да ја брани титулата против Џастин Гејџи и повторно во Абу Даби.

https://www.instagram.com/p/CBu_on5lvhs/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON