Фонсека медалот им го посвети Пума и Адидас – не сакале да му бидат спонзори

Португалскиот џудист, Жорже Фонсека, на Летните олимписки игри во Токио освои бронзен медал во категоријата до 100 килограми, и потоа привлече внимание со изјавата дека медалот им го посветува на производителите на спортска опрема, „Пума“ и „Адидас“, кои не сакале да му бидат спонзори и го потцениле.

„Ми рекоа дека не сум бил шампион и немам доволно квалитет и резултати за да бидат мои спонзори. Затоа овој медал им го посветувам на Пума и Адидас. Јас сум двократен светски шампион, сега и трети на Олимписки игри. Што треба повеќе од тоа?“ – изјави Фонсека.

Од „Пума“ засега нема никаков одговор, додека од „Адидас“ објавија соопштение дека мислат оти Фонсека е екстремно талентиран спортист, но некогаш треба да се донесат тешки одлуки околу тоа кој спортист треба да биде спонзориран, а кој да биде одбиен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО