Флојд Мејведер сака да се врати меѓу професионалците, можни противници Мек Грегор и Пакијао

Боксерската легенда, 45-годишниот Флојд Мејведер Јуниор, по пензионирањето одржа неколку егзибициски мечеви кои дополнително ја зголемија неговата банкарска сметка.

Поранешниот светски шампион последната професионална борба ја имаше во август 2017 година, кога во десеттата рунда ја победи ѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор.

По завршувањето на професионалната кариера непоразениот Мејведер боксираше со кик бокс суперѕвездата Теншин Насукава, јтјуберот Логан Пол, спаринг партнерот Дон Мур, а неодамна и со борецот на Ризин, Микуру Асакура.

На 13 ноември Флојд ќе се бори со друг јутјубер, Деџи, во Дубаи.

Но, се чини дека Флојд Мејведер (50-0) би можел повторно да стартува во професионалните води, но го бара вистинскиот противник.

„За Флојд планираме вистинска борба која не би била егзибициска борба. Сакаме да биде во Лас Вегас, некаде во октомври следната година. Веќе разговаравме, а имињата ќе ги објавиме малку подоцна. Ова се многу големи имиња затоа што имавме интерес од неколку борци како Конор Мек Грегор и Мани Пакијао“, – вели Удај Синг од Глобал титанс за Insider.com.

Мечот меѓу Мани Пакијао и Флојд Мејведер во мај 2015 година беше еден од најголемите во историјата на боксот.

Удај Синг признава дека егзибициските натпревари биле доста профитабилни за Флојд Мејведер.

Боксерскиот гигант против Мур заработи од 25 до 30 милиони, десет милиони за двете борби во Ризин, а во следната борба против јутјуберот Деџи му гарантираа хонорар од 30 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON