Една од најголемите легенди на светскиот бокс, Флојд Мејведер, се подготвува за дуелот со Конор Мек Грегор, а во меѓувреме Американецот е во посета на Русија.
Откако ја разгледа престолнината Москва, „Мани Меј“ се упати кон Чеченија, каде што му беше гостина на шефот на локалната Република Рамазан Кадиров.
Мејведер беше гостин во домот на Кадиров и притоа се запозна со неговите синови. Се смета дека Мејведер бил специјален гостин на отворањето на нова боксерска сала, дури му било платени речиси 90.000 долари, за да одржи кратка демонстрација.
Негов личен возач во Чеченија беше истиот човек кој пред некое време отворено му се закани на легендата Федор Емилијаненко, откако Русинот го критикуваше Кадиров. Тогаш причина за гневот на Федор беше фактот што Кадиров допушти деца да учествуваат во професионални ММА борби.
https://www.instagram.com/p/BRtjdd7h2Az/?taken-by=kadyrov_95
.