Aнглискиoт таблоид „Сан“ излезе со шокантна вест дека двете суперѕвезди – боксерот Флојд Мајеведер и Конор Мек Грегор постигнале устен договор за мега-дуел според правилата на професионалниот бокс. Битката треба да се случи во Лас Вегас, САД.
Според весникот Сан, зделката била договорена на 2 мај во Њујорк.
Главен фитил за овој меч била репликата нa Конор дека ќе го нокаутира Мејведер за помалку од 30 секунди во боксесрска пресметка.
Според извори на англискиот таблоид, двете страни се согласиле на следниве финансиски параметри: Мејведер да земе 144,8 милиони долари, а за Мек Грегор да останат само 10,1 милиони.