Флојд Мејведер е најбогатиот боксер во историјата

Неодамна во статија Манчестер ивнинг њус објавија листа на најбогати боксери во историјата. На листата се наоѓаат десетте најбогати во спорт. Поранешниот светски шампион во пет тежински категории Флојд Мејведер е прогласен за најбогат.

Изданието го проценува неговото богатство на 400 милиони фунти.На второ место е легендарниот поранешен неприкосновен светски шампион во тешка категорија Џорџ Форман (222 милиони фунти), трет на листата е поранешниот осумкратен светски шампион Мани Пакјао (163 милиони фунти).

Поранешниот украински боксерски шампион во тешка категорија Владимир Кличко со своите (58 милиони фунти) ги затвора првите 10.

Еве кои се боксерите на списокот што го објавија медиумите:

  1. Флојд Мејведер – 400 милиони фунти
  2. Џорџ Форман – 222 милиони фунти
  3. Мани Пакјао – 163 милиони фунти
  4. Оскар Де Ла Оја – 148 милиони фунти
  5. Саул Алварез – 105 милиони фунти
  6. Ленокс Луис – 103 милиони фунти
  7. Тајсон Фјури – 100 милиони фунти
  8. Шугар Реј Леонард – 88 милиони фунти
  9. Ентони Џошуа – 60 милиони фунти
  10. Владимир Кличко – 58 милиони фунти

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО