Легендарниот непобедлив боксер Флојд Мејведер – Мани Јуниор може да се повлече од боксот, но никако и од лесни пари. Неодамна беше предизвикан од шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, за боксерска средба и тоа беше музика за ушите на Флојд, кој на тепка го прифати и очигледно бил сериозен. Во интервју за ТМЗ, Флојд вели дека ќе добие 9-цифрена сума за оваа борба.
„Добро се справувам и живеам одлично. Како што можете да видите, имам многу пари. Подготвен сум да се борам со Хабиб и веќе и кажав да подготват пари, бидејќи постојано сум со пари. Апсолутно ќе се борам со него. Јас сум шеф и можам да кажам дали нешто може да се случи. Рече дека не сака да се бориме во Вегас, но знаете дека постои главен град на борбите. Сепак, треба да се однесувате професионално на рингот и надвор.
Тоа беше голема борба и уште не сум ја видел, но слушам дека е лудо. Тој ме предизвикува и мора да дојде во мојот свет. Битката ќе биде во рингот. Ме предизвика и јас сум борец, како никој друг, кој има направено пари, како никој друг и затоа треба да дојде во мојот свет и да го направиме тоа. Ќе спеќалам 9 цифрена сума по оваа борба. Ќе заработам повеќе пари од битката со Мек Грегор и мислам дека ќе имам уште 100 милиони. Ова е гаранција“.
.