Фјури: Жена ми ми рече дека сум предебел за да се вратам

Тајсон Фјури вели дека му е забрането уредувањето на Википедија откако интервенира на страната на Владимир Кличко.

Британците во 2015 година изненадувачки го победи Украинецот и го собори од тронот на тешка категорија.

На прашање на БТ Спорт дали е вистина дека ја менувал страницата на Кличко на Википедија одговорил потврдно.

„Да, тоа е вистина, додека не ми го забранија пристапот“.

„Го направив тоа бидејќи сакав да се докажам, затоа што тоа јавна страница, дека секој може да напише што сака. Ако сакате да го уредувате мојот профил, можете. Никогаш не сум менува ништо на мојот профил, затоа што јас сум вистинскиот (директен) шампион, но некој постојано уфрла дека сум пензиониран. Очигледно дека не сум. Јас враќам дека сум активен, а некој постојано менува дека сум пензиониран. Некој очигледно сака да одам во пензија“.

За време на интервјуто со Брендан Шауб на Шоутајм Фјури изјави дека неговата сопруга рекла дека е предебел и да заборави на враќањето.

„Ја повикав мојата сопруга Париз и ѝ реков: „Се враќам“. Ми одговори: „Не, не се враќаш. Предебел си“.

„Имав преку 180 килограми, а денес сум на 118. Ние во Англија голтка пиво. Тоа е важна работа и јас ги пиев по 20, четири или пет пати неделно. Стомакот ми се растури, имав крила. Унаказен сум до крајот на живот, имам стрии по целото тело“.

Во Големата мечка, Калифорнија, каде што се подготвува за дуелот со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, продолжи со сериозна работа.

„Во Големата мечка има три пати помалку воздух. Големата мечка се е три пати потешко. Но, кога ќе се вратите на нормална надмосрка висина можете да работите три пати повеќе. Тренирам таму веќе две недели и сум уморен како куче, секој ден. Чувствувам дека не можам да одработам пет рунди, бидејќи не можам да дишам. Затоа сакавме да провериме дали сум способен или не. Се спуштивме и направив 12 рунди во темпо на во лесна категорија и растурив“.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON