Фјури загуби, а заработи три пати повеќе од Усик

Непоразениот Aлександaр Усик стана апсолутен шампион во тешка категорија со триумфот над Тајсон Фјури.

На настанот во Ријад украинскиот боксер со поделена одлука го победи Џипси Кинг и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

По натпреварот Фјури ја активираше клаузулата за реванш, а нивниот реванш би требало да биде договорен за октомври.

Одлучувачкиот момент на мечот се случи на крајот од деветтата рунда кога Усик со одлична серија удари го скрши Британецот и го испрати во нокдаун.

Сега се знае колку ќе заработат и двајцата. Имено, уште пред средбата се знаеше дека хнорарот ќе биде поделен 70-30 во корист на Кралот на Ромите.

Фјури би требало да заработи најмалку 100 милиони, додека Украинецот ќе однесе дома нешто повеќе од 30 милиони долари.

Но, заработката треба да биде малку поголема кога ќе се додадат бонусите и делот од ТВ правата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON