Тајсон Фјури (28-0-1, 20 КО) следниот меч ќе го одработи на 14 септември во Лас Вегас против непоразениот Швеѓанец Ото Валин (20-0-1 НЦ, 13 КО).
„Кралот на Ромите“за реваншот против ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер спарингува со Евгениј Тишченко.
По многу успешна аматерска кариера, 28-годишниот Русин во август минатата година ја почна професионалната кариера и во моментов е на 5-0.
Во 2015 година, Тишченко ја освои титулата светски шампион во аматерска конкуренција во тешка категорија. Во истата година стана европски шампион, а истиот успех го постигна и во 2017 година.
Тој освои злато на Олимпијадата во Рио 2016 година, во финалето го победи Казахстанецот Васили Левит со контроверзна одлука на судиите.