Фјури-Вјалдер 3 е борба на годината

Третата борба меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер е битка на годината. ВБЦ ја објави веста и порача дека Фјури и Вајлдер го заслужуваат првото место бидејќи ни приредија шоу кое ќе остане во историјата.

На почетокот на октомври ја видовме трилогијата меѓу нив. Вајлдер даде се од себе, но повторно загуби со нокаут. Си разменија неколку нокдаун и на крајот Фјури победи со нокаут во 11. рунда.

Така, Тајсон стави крај на пресметките со Вајлдер и победи во две од битките. Нивната прва средба заврши нерешено. Фјури ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија и остана непоразен. Дионтеј, пак, е во серија порази.

Сега Фјури се подготвува за меч со Дилиен Вајт. Вајлдер пак размислува да се повлече од боксот, но и се заговара борба со Енди Руиз.

Еве некои од најдобрите моменти од нивната битка:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО