Фјури вели дека ќе го претепа дебелкото Руиз

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури се заканува дека ќе го претепа Енди Руиз и ќе му одезеде титулите кои ги освои откако изненадувачки го нокаутира Ентони Џошуа во почетокот на јуни. Сега промоторите крчкаат меч меѓу Британецот и Мексиканецот.

Во британските медиуми Руиз пред средбата со Џошуа беше навредуван откако самиот си призна дека сака да јаде брза храна и затоа качил доста килограми. Но, по победата над Џошуа стивнаа, иако Фјури го нападна за неговата тежина.

„Овој мал дебелко може да дојде и да изеде ќотек. Ако сака да добие неколку шлаканици, нека повели. Енди Руиз, ако сакаш да те претепам, повели, не ми е страв од тебе, дебелко! Толку ќе го тепам, што ќе му го смачкам стомакот и ќе плука колачи цел месец“, вели во свој стил Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО