Фјури-Вајт ги собори сите рекорди

Судирот меѓу Тајсон Фјури и Дилиен Вајт за светската титула на ВБЦ ќе ги собори сите рекорди на заработка. Билетите за стадионот Вембли беа пуштени во среда, месец и половина пред датумот на битката на 23 април. А за само 3 часа продадени се 85.000 влезници.

Новата серија билети, но во многу ограничени количини, се очекува да биде пуштена во продажба следниот месец. Стадионот ќе има речиси 100.000 гледачи, што ќе го направи судирот најпосетуван боксерски меч во историјата на Островот.

Според менаџерот на Фјури, Френк Ворен, тој може да биде најпрофитабилен во светот, со оглед на бројките што се очекуваат во однос на платеното гледање.

„Редот на луѓе кои чекаа билет во виртуелната соба достигна 170.000. Ова по цени од 61 до 2000 фунти. За каков огромен интерес станува збор, можете сами да процените. Тоа покажува колкаво влијание има Тајсон, неговата личност и вештини“, рече Ворен.

Мечот има загарантирана добивка за боксерите во износ од 41 милион долари. Аукцијата ја добија агентите на Фјури, кои, сепак, очекуваат тој не само да ја врати инвестицијата, туку и да заработи повеќе од 300 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО